Лазаров објави список за ЕХФ неделата, има и еден повратник

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави списокот на повикани играчи за ЕХФ неделата.

Селекторот на Македонија за првата фаза од подготовките за Европското првенство 2024 смета на 22 ракометари.

Меѓу повикани ракометари повратник е Никола Костески од чешкиот првак Плзен, а списокот е надополнет со уште тројца интернационалци.

На списокот има и осум резервисти, кои се од домашните клубови.

Македонија за време на ЕХФ неделата ќе одигра две пријателски дуели со Грција, која исто така ќе учествува на континенталниот собир во Германија.