Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе има нов предизвик во Лигата на шампионите.
Битолчани во рамки од 6. коло од најквалитетното европско натпреварување за ривал го имаат полскиот шампион Келце.
Како што е познато, битолскиот тим на овој дуел ќе биде предводен од Бранко Ангеловски, кој привремено ја презеде клупата на Еурофарм Пелистер.
Ангеловски за вечерашниот дуел одлучи да ги изостави Емилиjaн Горговски, Дарко Стевановиќ, Марко Кизиќ и Руди Сери.
Келце има 14 ракометари, а нема да настапи со најдобриот состав, ќе недостасуваат Симон Сичко, Андреас Вулф и Алекс Душебаев, кои се меѓу најдобрите играчи во европскиот вицепрвак.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.