Преглед по 5. коло кај дамите: Ѓорче Петров и Куманово на 100%

По комплетирањето на 5. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија, екипите на Ѓорче Петров и Куманово имаат 100% учинок, односно пет од пет.

Двете екипи на табелата имаа по 15 бода, потоа следуваат екипите на Вардар и Чаир со 13 бода, додека на 5. позиција на табелата се наоѓа новакот Металург Автокоманда, кој на свое конто има 9 бода.

Според квалитетот на играчкиот кадар, останатите екипи ќе се борат за подобар пласман.

Деспина од Прилеп и Гевгелија се единствените две екипи кои на пет одиграни натпревари не успеаја да освојат бод.

Како што е познато, актуелен бранител на титулата кај дамите е Ѓорче Петров, а како негови главни конкуренти за првата позиција се екипите на Куманово, Чаир, Вардар и Металург Автокоманда.

Во рамки од 6. коло ќе се судрат токму Ѓорче Петров и Куманово и овој дуел ќе одлучи која од двете екипи ќе направи исчекор на табелата.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080