Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги дозна термините на последните четири натпревари од Лигата на шампионите во 2024 година.
Пелистерци во февруари ќе одиграаат три средби, а во март ќе се игра последниот меч од групната фаза.
Најпрво, битолчани ќе го дочекаат францускиот ПСЖ на празникот Свети Трифун, додека шест дена подоцна ќе му гостуваат на Кил.
Потоа на 28 февруари во Битола доаѓа данскиот Алборг, додека кругот ќе се затвори со гостување кај норвешкиот Колстад на 3 март.
Распоред на натпревари, ЛШ:
14/02, 18:45, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
22/02, 18:45, Кил – Еурофарм Пелистер
28/02, 20:45, Еурофарм Пелистер – Алборг
06/03, 18:45, Колстад – Еурофарм Пелистер