Најдобриот ракометар на Светското првенство за кадети во Македонија, Ахмед Хешам, доживеа тешка повреда.
Хешам, кој беше МВП на Мундијалот во 2019 година, ќе паузира веројатно до крајот на сезоната од ракометните терени.
Членот на Монпелје, на дуелот со неговиот екс клуб Ним, ги скина лигаментите на коленото и за него нема ракомет во следниот период.
Монпелје го нема на располагање ниту Скаш Скубе поради повреда, па стратегот Патрис Канаје ќе има големи проблеми.
Во моментов на левата и средна бековска позиција ги има Монте Дос Сантос, Диего Симоне и Килијан Вилмино.