Европската ракометна федерација ги објави делегирањата на официјалните лица за следните натпревари во европските купови и во квалификациите за ЕП 2024.
Покрај судиите, претстојниот период ќе бидат активни и двајца делегати – Ацо Николовски и Камер Металари.
Николовски ќе биде делегат на средбата од квалификациите за ЕП 2024 меѓу Косово и Данска што ќе се одигра на 14 октомври од 20:15 часот во Приштина.
Следниот ден, на 15 октомври, Николовски ќе биде делегат и на средбата во Каваја, меѓу Беса и турскиот Бешикташ од второто коло на Европскиот Куп што ќе започне од 20:00 часот.
Камер Металари ќе има двојна програма во Турција. Тој ќе биде делегат на реванш средбата меѓу Бешикташ и Беса на 21 октомври од 16:00 часот, додека на 22 октомври ќе биде делегат на дуелот од Европскиот Куп меѓу Сакарија и норвешкиот Рунар од 17:00 часот