Екипата на Чаир во заостанатиот натпревар од 3. коло од Женската лига славеше убедливо над Стружанка со 35:17.
Во натпревар без голем интензитет, гостинската екипа од Скопје новите три бода ги запиша уште по првото полувреме кое го доби со 16:8.
Чаир продолжи во исто темпо и во вториот дел, лесно доаѓаше во позиција за гол и успеа осетно да ја зголеми предноста за конечни 18 гола разлика.
Најефикасна во победничката екипа беше Стефанија Ѓеоргиевска со шест погодоци, по пет постигнаа Биљана Дамчевска и Озкан Севданур.
Кај Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со четири погодоци, еден помалку постигнаа Магдалена Делисока и Мендувие Далипоска.