Горан Чарапина веројатно не и е добро познат на ракометната јавност, но своевремено беше втор голман на хрватската репрезентација.
Иако играше ракомет повеќе од две децении, екс голманот на „коцкестите“ сега ужива во поинаква улога.
42-годишниот Чарапина, кој во наголемиот дел од својата клупска кариера бранеше за Метковиќ, повеќе од осум години работи како доставувач на поштенски пратки.
Тој во разговор за „Дубровачки вјесник“ вели дека неговата работа ни најмалку не е лесна.
,,Треба да имаш челични нерви за да можеш да ја издржиш оваа работа. Кога ќе почнете со разнесувањето на пратките, обично околу 30 проценти од луѓето не се дома, па им се јавувате, за време на смена имате од 200 до 250 повици, а понекогаш се случува и повеќе. Некој се случува да е дури во Сплит, па средуваш кога ќе му ја пратиш пратката. На многу адреси луѓето ви нудат нешто за пиење и јадење, за одмор. Кога имам премногу работа и кога има гужва, за жал, одбивам и жал ми е што одбивам затоа што има добри луѓе. Кога не можеш да седнеш и да пиеш кафе, некои ти даваат кафе за по пат, народот е навистина одличен”, изјави Чарапина.
Чарапина со репрезентацијата на Хрватска настапи на Европското првенство во Австрија (2010) и на Светското првенствово Шведска (2011).