Куманово прими само четири гола за едно полувреме и запиша лесна победа

Македонскиот вицепрвак Куманово забележа нова убедлива победа во Женската лига, откако во дуелот со Шампион триумфираше со 34:9.

Куманово во првото полувреме му дозволи да противникот да постигне пет гола, додека скопскиот тим во вториот дел за 30 минути постигна само четири гола.

Ракометарките на Славиша Димитријески влегоа сериозно во натпреварот, максимално беа посветени и бодовите ги освоија уште во првиот дел, кој заврши во нивна корист од 17:5.

Составот на Куманово одигра фантастично во одбраната, толку добро што Шампион одвреме-навреме го гледаше голот. Ниту во вториот дел немаше голема резултатска промена, тимот на Куманово продолжи како да тренинг, лесно ги казнуваше грешките на Шампион и на крај дојде до убедлива победа, која беше изразена со 25 гола разлика.

Најефикасна во Куманово беше Адела Елинин со девет погодоци, шест постигна Сара Цветановска, пет додаде Сара Богојеска. Во тимот на Шампион, Анастасија Ѓорѓиева, Ивана Стојмановска, Марија Бојковска и Ана Ристевска постигнаа по два погодоци, еден запиша Маријана Буразер.

 

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080