Вицепрвакот ја продолжи победничката серија, совладан и Еурофарм Пелистер 2

Македонскиот вицепрвак Алкалоид дојде до третата победа во суперлигашката конкуренција и моментално заедно со Тиквеш се двете единствени екипи без загубен бод во групата А.

Тимот на Кире Лазаров третата победа во новата сезона ја оствари против Еурофарм Пелистер 2, триумфираше со 13 гола разлика, 42:29 (23:15).

Младите гости од Битола водеа во три наврати на почетокот и во останатиот дел, се беше во знакот на домаќинот, кој на овој натпревар беше предводен од неколку играи.

Марко Митев и Иван Џонов беа стрелци на седум погодоци, по шест постигнаа Александар Петковски и Давид Савревски, пет реализации имаше Игор Ѓорѓиев.

Кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше кружниот напаѓач Петар Маркоски со шест постигнати погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613
ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126