Тимот на Астраон во првото коло од Првата лига славеше над дебитантот Преспа Вардар со пет гола разлика, 26:21.
Струмичани во речиси целиот натпревар беа поконкретни на теренот, на полувреме заминаа со 11:6, во вториот дел дојдоа и до повисока негатива, но гостите од Ресен се потрудија да го ублажат поразот.
Најефикасни во победничката екипа беа Кире Георгиев со десет погодоци и Васе Наков со седум реализации
Во таборот на Преспа Вардар се истакнаа Александар Филиповски и Раде Ќосевски со по пет погодоци.