Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија вторпат во Лигата на шампионите, овојпат на гости кај Алборг со 38-23.
Бекот на битолчани, Каспер Кисум, вели дека техничките грешки се причина за високиот пораз во неговата татковина.
„Игравме против подобар тим и против многу поискусни ракометари. Ние сме нов тим, се уште се обидуваме да ја пронајдеме својата игра. Направивме премногу технички грешки по 15 минути и на ова ниво веднаш добиваш казна“, изјави Кисум.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде домашниот натпревар против Кил на 27 септември од 18:45 часот.
Претходно битолчани ќе одиграат уште две средби од домашното првенство против Мулти Есенс и Голден Арт.