Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Битолчани на гостински терен во Данска ќе му се спротистават на Алборг и ќе се обидат да пружат добра партија.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, го одреди составот за дуелот со Алборг.
Против Алборг ќе играат 15 ракометари, а во Битола останаа голманот Калифа Гедбан, Павле Атанасијевиќ, Денис Василев, Богдан Радивојевиќ и Руди Сери.
Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Шпаркасен Арена“ со почеток од 20:45 часот.