Тимот на Белфор, каде што игра Александар Ангеловски, стартуваше победнички во во Третата лига на Франција.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија беше најдобар стрелец на натпреварите од првото и второто коло.
На гостувањето кај Буржуан, Белфор славеше со 33-29, а Ангеловски успеа да постигне шест погодоци.
Во дуелот од второто коло на домашен терен Белфор беше подобар од составот на Руен со 30-29, а клучен играч одново беше Македонецот со осум гола.
Следен предизвик за Белфор и Ангеловски ќе биде мечот на гостински терен кај Торси.