Победија во Битола и тројца се најдоа во тимот на колото на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави идеалниот тим за првото коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Меѓу избраните седум ракометари, кои го одбележаа стартот на новата сезона во елитата, дури тројца се од норвешкиот шампион Колстад.

Тимот од Норвешка дебитанската сезона во елитата ја започна со победа, триумфираше на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер со 31:21.

Голманот на Колстад, Торбјорн Бергерут, на дуелот со битолчани имаше над 20 интервенции и сосема заслужено се најде во идеалниот тим на колото.

Неговите колеги, левото крило Андриан Алберг и десното крило Бјорн Гудјсонсон, исто така се избрани меѓу најдобрите седум во првото коло.

Во идеалниот тим се најдоа уште Патрик Винчек (Кил), Недим Ремили (Веспрем), Дика Мем (Барселона) и Симон Сичко (Келце).