Белорускиот шампион Мешков Брест до крајот на оваа година нема да може да смета на услугите на кружниот напаѓач Павел Андреев.
Репрезентативецот на Русија поради повреда на половината мораше да биде опериран во белоруската престолнина.
Според информациите на клупскиот сајт на Мешков Брест, искусниот ракометар ќе паузира 4 до 6 месеци.
Тоа значи дека Андреев на терените би се вратил на почетокот на вториот дел од сезоната.
Мешков Брест пред неколку дена го освои Супер куп трофејот во Белорусија, откако го доби дуелот со СКА Минск.
Нема трансфер во Вардар, Павел Андреев останува во Брест Мешков!