ЕХФ им верува на Македонките – двојна програма за Карбеска и Илиева

Откако минатата сезона судеа финале на Европскиот Куп и многу други средби во ЛШ и ЛЕ, македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева и оваа сезона ја уживаат довербата од ЕХФ.

По средбата од Лигата на шампионите меѓу Заглебје и Крим, Karбеска и Илиева добија уште две задачи од ЕХФ.

Во еден викенд тие ќе судат на два меча. На 23 септември од 19:00 часот ќе го судат дуелот во Виена од второто коло на Европскиот Куп меѓу Ацгерсдорф и италијанскиот Бриксен.

Утредента, на 24 септември од 18:00 часот, Македонките ќе му судат на некогашниот европски првак Хипо на дуел од второто квалификациско коло од Лигата на Европа против шведскиот Онередс.