Репрезентативката на Македонија, Сања Дабевска, имаше успешен старт во новиот интернационален предизвик.
Македонката, која направи трансфер во прволигашот Униреа Слобозиа, заедно со својот тим славеа над Доброести со 37:27 во рамки од првото коло во прволигашката конкуренција во Романија.
Дабевска одигра солиден натпревар, добро се покажа и во напад и во одбрана и натпреварот го заврши со 100% учинок, постигна два погодоци од исто толку обиди.
Следен предизвик за Слобозиа и Дабевска ќе биде Плоиести, тим кој што во првото коло ја совлада Констанца со 39:17.