По спроведената анкета во данската јавност за популарноста на спортовите, ракометот е на првото место.
Можеби по малку изненадувачки ракометот се најде пред фудбалот, а 68% од машката популација и 51 % од женската популација се интересира за ракометот.
Покрај фудбалот, кој се наоѓа на второто место на популарните спортови, во ТОП 5 се ги нема кошарката, одбојката…
Третото место е за велосипедизмот, четвртото место за тенис, додека петти најпопуларен спорт во Данска е бадминтон.
Машката ракометна репрезентација на Данска е актуелен светски првак, три пати по ред го покори светот, а има освоени медали и на ЕП и на ОИ. Женската селекција исто така има златни медали од сите големи натпреварувања.