Денеска во просториите на Ракометната федерација беше извршена ждрепката за новата сезона во Женската лига.
Во новата сезона ќе играат вкупно 14 тима, без Металург и Кузман Вардар, но со новиот тим Металург Автокоманда.
Ќе се игра по системот секој со секого, вкупно 26 кола, а според планот сезоната треба да стартува следниот викенд.
Шампионот Ѓорче Петров ја почнува одбраната на титулата од Битола и со натпревар против Пелистер, а дерби ќе има во Скопје каде Вардар ќе се соочи со Чаир.
1 Гевгелија
2 Шампион
3 Астибо
4 Вардар
5 Пелистер
6 Стружанка
7 Металург Автокоманда
8 Спартак
9 Деспина
10 Ѓорче Петров
11 Чаир
12 Скопје
13 Овче Поле СУ
14 Куманово
Женска лига, 1 коло, 16/17 септември:
Гевгелија – Куманово
Шампион – Овче Поле СУ
Астибо – Скопје
Вардар – Чаир
Пелистер – Ѓорче Петров
Стружанка – Деспина
Металург Автокоманда – Спартак