Поранешниот македонски женски шампион Вардар во новата сезона ќе има познато лице во стручниот штаб.
Некогашната репрезентативка на Македонија, Анжела Платон, ќе му биде асистент на Александар Царчев во првата екипа.
Таа долго време е во Вардар, работи со младинските категории, а во новата сезона ќе има уште една задача плус.
Платон ќе продолжи да ги води и младинските тимови на Вардар, каде што во минатото имаше одлични резултати.
Вардарки ова лето имаа голема реконструкција на екипата и останаа без неколку од носителките на играта, но донесоа нови ракометарки и одново ќе бидат конкуренти за високите позиции.