Десниот бек од Делчево, Мирче Георгиев, после кратката пауза повторно е на ракометните терени.
Младиот ракометар во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од прволигашот Текстилец.
Георгиев во својата кариера освен што настапуваше за матичниот Делчево, играше и за екипите на Прилеп и Аеродром.
Текстилец во новата сезона ќе биде посилен со Дарио Јорданов, кој има и интернационално искуство.
Камбек во редовите на Текстилец направи и искусниот Марјан Сарашов, така што клубот од Штип ќе може да се надева на добар пласман во прволигашката конкуренција.