Погледнете како ќе изгледа тимот на Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес го објави ростерот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Битолскиот тим, кој ќе игра и во Лигата на шампионите, ќе брои вкупно 20 ракометари, од кои 12 се интернационалци.

Меѓу странските ракометари го нема Вилсон Дејвис, ракометар кој има активен договор со тимот од Битола и не се знае дали ќе има раскин на договорот меѓу двете страни, целосна продажба или португалецот ќе биде пратен на позајмица.

Тренерот Александар Јовиќ на речиси секоја позиција ќе има најмалку двајца квалитетни ракометари, па така ќе може да се прават различни комбинации за настапот на домашна и европска сцена.

Еурофарм Пелистер за новата сезона се засили со Богдан Радивојевиќ, Калифа Гедбан, Урош Борзаш, Нејц Цехте, Андреас Нилсен и Домен Тајник, додека од вториот во првиот тим беа прекомандувани Павче Петровиќ и Емилијан Ѓорѓовски.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.