Женскиот тим на Пелистер во новата натпреварувачка сезона ќе има нов тренер, откако довчерашниот стратег Адријано Котевски го напушти битолскиот клуб.
Прилепчанецот заминува поради приватни причини од Битола и двете страни си продолжуваат по својот пат наредната сезона.
Котевски во редовите на Пелистер пристигна минатата сезона и со клубот од Битола оствари солиден пласман.
Пелистер ги доби дуелите на кои беше фаворит, обезбеди пласман во плеј-оф фазата, парираше колку што можеше на поквалитетните тимови и сезоната ја заврши на 6. позиција.
Покрај Котевски, од битолскиот клуб замина и најдобриот стрелец, Французинката Мари Франсоа, која се врати во татковината.
Котевски минатата година се стекна со највисоката Мастер Коуч лиценца, а во својата тренерска кариера беше предводник на Македонија Ѓорче Петров и Прилеп.