Младоста сезонава ќе биде карактеристика за Вардар во чии редови ќе има повеќемина нови, млади и можеби не многу искусни ракометари. На листата на млади ракометари што дојдоа сезонава кај „црвено-црните“ е и Кубанецот Хансер Мишел Родеригез. Сонародникот на Куни Моралес кој до лани беше дел од тимот на Вардар, сега ќе биде две сезони кај најтрофејниот македонски тим.
Го запознавме по настапите на турнирот во Варна, Бугарија каде во конкуренција на повеќе репрезентации од т.н. „нации во подем“, тимот на Куба го освои првото место а Хансер беше избран за најдобар играч на тој турнир.
„За мене Вардар е одлична можност за напредување. Едноставно ми се исполни сонот. Мојот менаџер ми предложи да дојдам тука и веднаш прифатив, вели Хансер Мишел Родригез.
Интерсно е што Кубанецот игра на три позиции, на лево крило, лев бек и среден бек. На подготовките за новата сезона најмногу играше токму на позицијата лево крило.
„Играм на сите позиции, и немам некоја што ми е најпосакувана. Едноставно ги сакам сите и играм секаде, вели Хансер кој како талентиран Кубанец дошол во Португалија и продолжил со спортската кариера.
Веднаш Скопје и Вардар ги исполниле неговите очекувања, дури и повеќе од она што се надевал.
„Менаџерот многу ми објаснуваше. Не очекував се, но кога стигнав веќе видов дека има и повеќе од тоа што се надевав. Се е одлично, вели Хансер Мишел Родригез.
Во својата генерација е најдобар стрелец, па сега и во Вардар се очекуваат голови од него. А неговиот помлад колега Нелтон Мело смета дека Родригез ќе биде еден од најдобрите, само му треба малку време.
Вардар во првото коло на турнирот во Струга го победи домаќинот со 29-17, и во вториот меч ќе игра со ГУИФ Ескулстуна. На 26 август е домаќин на Рајн Некар во првиот меч од квалифкациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!
.