Шпанскиот репрезентативен голман Гонзало Перес Де Варгас по завршувањето на неговиот договор со Барселона ќе се пресели во екипата на Кил.
Бундеслигашот објави дека искусниот голман во редовите на „зебрите“ ќе пристигне во сезона 2025/26.
Шпанецот со раководството на Кил се договори на соработка, со важност од четири години. Тоа значи дека Де Варгас во Кил ќе настапува до 30 јуни, 2029 година.
Со оглед на тоа дека има 32 години, најверојатно шпанскиот репрезентативец својата кариера ќе ја заврши во Бундес лигата.
Де Варгас потекнува од школата на Барселона, беше дел од Гранољерс и Тулуз, пред одново да се врати во „Блауграна“.