Кадетките на Македонија повторно одиграа лош натпревар на Европското кадетско првенство и убедливо беа поразени од Франција со 31:15.
Франнцуската репрезентација победата ја запиша уште во првото полувреме, кое го доби со 15:4.
Погодоците на Македонија во првите 30 минути беа дело на Максимовска, Миленкоска, Трпеска и Кралева.
Второто полувреме беше само формалност и рутински одработување на задачата од страна на Франција, која групната фаза ја заврши со три победи и во главната рунда ќе пренесе два бода.
Македонија по трите убедливи порази ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место и ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток.
Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Анастасија Трпеска со четири погодоци, по три реализации имаа Михаела Кралева и Хана Мифтари.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!