Битолчанецот Димитар Бардакоски во следната сезона ќе го брани голот на суперлигашот Голден Арт.
Тој минатата сезона беше дел од Јуниор Кисела Вода, но откако овој тим не обезбеди опстанок, Бардакоски реши да си замине.
Претходно освен за Еурофарм Пелистер 2, Бардакоски бранеше во Автокоманда, за тимот на Металург РА.
На голманската позиција во Голден Арт останува и искусниот Златко Даскаловски, тука се уште и Петар Виларов, и уште неколку помлади голмани, па тренерот Владимир Глигоров ќе има избор на оваа позиција.
Голден Арт е во групата Б со Пролет, Прилеп, Вардар, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер, Вардар Неготино и Бутел Скопје.