Првенството на Австралија и Океанија имаше неочекуван исход, откако Квинсленд стана шампион.
Иако во групната фаза најголемиот фаворит Сиднеј Универзитет имаше три победи со гол разлика +51, сепак во полуфиналето беше поразен од Квинсленд со 28-27.
Квинсленд имаше полесна задача во финалниот натпревар и за златото се избори преку Сент Килда од Мелбург, која ја совлада со 31-25.
Со оваа победа, тимот на Квинсленд ќе биде претставник на Австралија и Океанија на Супер Глоуб 2023 година.
Таму место веќе обезбедија европскиот првак Магдебург, финалистот од ЛШ – Келце, потоа Фуксе Берлин и Барса, кои добија вајлд-карти, азискиот првак Ал Наџма, африканскиот првак Ал Ахли…