Машката репрезентација на Германија составена од играчи до 17 години го освои трофејот на ракометниот турнир на Младинскиот олимписки фестивал во Марибор.
Иако Германците во групната фаза стартуваа со пораз од Словенија, сепак и се реваншираа на ова репрезентација со убедлив триумф во мечот за златото, 32-25.
Бронзата ја освои селекцијата на Унгарија со победата над Хрватска по продолженија со гол разлика, 43-42.
Најдобар стрелец беше Маи Маргуч, третиот брат од триото на Гашпер и Гал, кои настапуваат за Веспрем, односно Нексе. Најмалиот Маргуч даде 39 гола.
Во женска конкуренција, злато го освои Франција со победата над Романија со 32-27, додека трета е Полска со триумфот над Холандија, 26-17.