Амбициозниот тим на Чаир не престанува со засилувањата во пресрет на новата сезона во Женската лига и се промовира како еден од најсериозните кандидати за титулата.
Ново име во редовите на Чаир е македонската репрезентативка Теодора Дукоска, која по една сезона мината во Ѓорче Петров се враќа во овој клуб.
Дукоска, кој еднакво добро ги покрива и десната крилна и десната бековска позиција имаше понуди и од странство, но сепак се реши за домашен предизвик.
Претходно Чаир ги донесе репрезентативките Ивана Џатевска и Бојана Диневска од Вардар, Марија Галевска, косовската интернационалка Клеа Ајвази и турската репрезентативка Севда Озкан.
Ривал на Чаир во Европскиот Куп во второто коло ќе биде екипата на Венло од Холандија.