По Ивана Џатевска, уште една ракометарка на Вардар ќе се пресели во Чаир, а тоа е капитенот Бојана Диневска.
Македонската репрезентативка со новата екипа ќе има предизвик и на домашна и на меѓународна сцена.
Левото крило, кое одлично се снаоѓа на многу позиции, вели дека сака да биде дел од големиот проект што го најавува Чаир.
„ЖРК Чаир ќе биде нов чекор во мојата кариера, ме импресионира фактот дека се посакува успех. Управата на Чаир најавува градење на топ-тим и јас сакам да сум дел од него. Благодарна сум за шансата и едвај чекам да започнеме. Имам високи очекувања од сезоната, затоа што вербата во тимот на ЖРК Чаир за успех ме мотивира. Верувам дека со напорна работа ќе ги постигнеме нашите цели. Да се биде дел од тим со шампионски амбиции, само по себе е мотив“, изјави Бојана Диневска.
Претходно Чаир ги ангажираше Марија Галевска, косовската интернационалка Клеа Ајвази и турската репрезентативка Севда Озкан.
Ривал на Чаир во Европскиот Куп во второто коло ќе биде екипата на Венло од Холандија.