Женската кадетска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб продолжуваат да работат со 20 ракометарки пред заминувањето за Црна Гора следниот петок.
Денеска кадетките имаат само еден тренинг, утре е слободен ден, па со подготовките се продолжува во понеделник.
На националниот тим му се приклучија и двете ракометарки кои настапија на младинското ЕП во Романија – Ива Младеновска и Анастасија Трпеска.
Македонија е во група со Унгарија, Франција и Романија на ЕП кое ќе стартува на 3 август и ќе се игра до 13 во црногорската престолнина.