Финалистот од последното издание од Купот на Македонија, тимот на Вардар, остана без уште три важни ракометарки.
Клубот освен Ивана Џатевска го напуштија и Бојана Диневска, која беше капитен на „црвено-црниот“ тим, потоа голманката Јована Трајкоска и репрезентативката Сара Миновска.
Диневска и Миновска настапуваа на левата крилна позиција и беа меѓу најефикасните во вардаровиот табор.
Со нивното заминување, на позицијата лево крило во Вардар останува само младинската репрезентативка Јана Равојска.
Голманката Трајкоска за подобра минутажа ќе има нов предизвик во следната сезона и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во поквалитетен тим.
Вардар за новата сезона ја ангажираше ракометарката од Кузман Вардар, Нина Милевска.
До почетокот на подготовките се очекуваат уште неколку нови имиња во тимот на Александар Царчев.