Тимот на Охрид полека го комплетира играчкиот ростер пред стартот на новата сезона во која ќе има големи амбиции.
Ново име во составот на Стевче Алушовски е досегашниот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер, Бобан Ристевски.
Тој ќе формира трио со Даниел Ѓорѓески и Босанецот Берин Бркиќ, па Алушовски ќе има можност за ротација на голманската позиција.
Ристевски потекнува од битолската школа, а покрај за првиот, бранеше и за вториот тим на Еурофарм Пелистер. Има искуство и од настапите во СЕХА лига и во Лигата на Европа.
Охрид претходно се засили со тројца ракометари од Еурофарм Пелистер – Гоце Ојлески, Милорад Кукоски и Никола Стоилевски, а ги донесе и бековите Теимураз Орјоникидзе и Рудолф Сафранко.