Со одигрувањето на последните натпревари од главната фаза на Европското младинско првенство во Романија познати се сите патници во полуфиналето.
Место меѓу најдобрите четири репрезентации обезбедија Португалија, домаќинот Романија, Унгарија и Данска.
Изненадувањето на ЕП, репрезентацијата на Португалија главната фаза ја заврши со две победи, откако ги доби дуелите против Швајцарија и Шведска.
Домаќинот, кој немаше убедливи партии во групната фаза, со вчерашната победа над Шведска и денешниот триумф од 41:36 против незгодната Швајцарија, си обезбеди пласман во полуфиналето.
Унгарија и Данска со освоеното прво, односно второ место во групата 2 ќе имаат шанса за настап во финалето.
Македонската репрезентација беше поразена од Србија и ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место.
Европско првенство, младинки, резултати:
Франција – Црна Гора 33:31 (19:14)
Шведска – Португалија 23:30 (14:14)
Унгарија – Данска 41:23 (23:10)
Швајцарија – Романија 36:41 (20:21)
Хрватска – Исланд 26:35 (14:18)
Србија – Македонија 30:19 (14:8)
Холандија – Германија 25:29 (13:16)
Норвешка – Чешка 23:31 (8:18)