Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави екипите кои ќе настапуваат во Европскиот Куп. Тимот на Тиквеш ќе биде единствениот претставник на Македонија во ова натпреварување.
Иако Македонија немаше претставник долго време во Европскиот Куп, сепак, Тиквеш го прескокнува првото коло и настапот во Европа ќе го стартува од второто коло.
Тиквеш се наоѓа во првиот шешир и ќе биде носител пред ждрепката, па така кавадарчани ќе можат да се надеваат на ривал по мерка.
Меѓу посакуваните ривали сигурно ќе бидат кипарскиот Строволос, косовската Трепча, белгискиот Визе, литванскиот Драгунас…но има и неколку нагазни мини од типот на Металопластика Шабац, финскиот Кокс, израелскиот Хапоел Ашдод, а и меѓу оние што ќе дојдат од првото коло има неколку незгодни ривали.
Првите натпревари од второто коло во Европскиот Куп се планирани за 14/15 септември, додека реваншите за 21/22 септември.
Ждрепката за првите две кола од Европскиот Куп ќе биде на 18 јули.
Тиквеш тргнува од второто коло во Европскиот Куп, ќе биде и носител пред ждрепката!