Тиквеш тргнува од второто коло во Европскиот Куп, ќе биде и носител пред ждрепката!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес го објави списокот на екипи што ќе играат во Европскиот Куп.

Претставник на Македонија во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе биде тимот на Тиквеш, кој во минатата сезона ја освои 4. позиција во македонската елита.

Ракометарите на Тиквеш ќе го прескокнат првото коло и авантурата во Европа ќе ја стартуваат со настап во второто коло.

Тиквеш ќе биде и носител пред ждрепката, па така кавадарчани ќе може да се надеваат на лесен ривал и можност за пласман во трето коло.

Првиот дуел Тиквеш во второто коло ќе го игра на 14/15 октомври, додека реваншот на 21/22 октомври.

Ждрепката за првото и второто коло во Европскиот Куп ќе се одржи на 18 јули.