Тимот на Младост Богданци по обновувањето на договорот со левото крило Димитар Пеев, го промовира и првото засилување пред стартот на новата сезона.
Првиот нов играч во ростерот е левиот бек Трајче Костадинов, кој може да ја покрие и средната бековска позиција.
Костадинов доаѓа од Бутел Скопје, чиј дрес го носеше четири сезони, а досега настапуваше во младинските категории.
19-годишниот Костадинов потекнува токму од школата на тимот од Богданци, а летово се враќа дома.
Младост Богданци минатата сезона попушти во финишот на прволигашкиот плеј-оф и ја испушти шансата барем за суперлигашки бараж, но во следната сезона влегува со зголемени амбиции.