По тренерот Хаивер Хота Гонзалес, португалскиот тим Бенфика, го промовираше официјално првото засилување за новата сезона.
Станува збор за Колумбиецот со исландски пасош, Стивен Валенсија, кој доаѓа од тимот на Валур.
Левото крило Валенсија од 2018 година играше за исландскиот тим и освои две шампионски титули, а имаше добри партии и во Лигата на Европа оваа сезона.
Тој во Бенфика ќе биде замена за легендарниот Јонас Калман, кој замина од португалскиот тим ова лето.
Меѓу засилувањата за Бенфика ќе биде и македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој наскоро ќе ја има официјалната промоција.