Кружниот напаѓач Александар Тренчевски, од наредната сезона би можел одново да се врати во Македонија.
Тренчевски минатата сезона ја мина во финскиот АИФК, но некоја од понудите од македонските суперлигаши би можеле да го вратат во татковината.
Тој потекнува од Прилеп, во Македонија ги носеше дресовите на Струга, Зомимак Струмица и Вардар Јуниор.
На меѓународна сцена има искуство од настапите во финскиот шампионат, каде покрај за АИФК играше и за Паргас ИФ.