Тимот на Прилеп, кој избори опстанок во суперлигашкото друштво, успеа да го задржи столбот на одбраната, кружниот напаѓач Антонио Бурчески.
Младиот ракометар одигра важна улога во изминатата сезона и беше еден од најзаслужните за обезбедениот опстанок на прилепскиот состав.
Бурчески и раководството на Прилепсе се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност од две години.
Прилеп претходно ги продолжи договорите со голманот Иван Ангелески и левото крило Христи Бикоски, а го ангажираше левиот бек Никола Цветаноски и кружниот напаѓач Томче Трајчевски.
Ракометарите на Прилеп во новата натпреварувачка сезона за ривали во регуларниот дел од Супер лигата ги имаат Пролет, Вардар, Мулти Есенс, Голден Арт, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Вардар Неготино.