Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени групите за новата суперлигашка сезона.
Носител во првата група е вицепрвакот Алкалоид, додека шампионот Еурофарм Пелистер е носител на втората група.
Вечните ривали, Еурофарм Пелистер и Вардар, ќе се сретнат уште на почетокот на новата сезона, односно ќе имаат два меѓусебни дуели во регуларниот дел.
Натпреварите во новата натпреварувачка сезона 2023/24 би требало да почнат во првиот викенд од септември.
Дебитанти во новата сезона се екипите на Мулти Есенс и Аеродром, кои обезбедија директен пласман од прволигашката конкуренција.
Група А: Алкалоид, Тиквеш, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Куманово, Скопје, Аеродром
Група Б: Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел Скопје, Пролет, Голден Арт, Прилеп, Вардар Неготино, Мулти Есенс
Во регуларниот дел сите екипи ќе одиграат по 14 меча, а потоа најдобрите четири од двете групи одат во плеј-оф, додека оние од петто до осмо место ќе играат плеј-аут.