По црногорскиот пивот Богдан Ѓуровиќ, уште двајца од интернационалците заминаа од тимот на Струга.
Станува збор за босанскиот голман Дејан Рикановиќ, кој имаше одлични партии на голот на струшкиот тим, како и за десниот бек од Србија, Урош Лазаревиќ.
Следна дестинација на Ѓуровиќ е чешкиот тим Робе Жубри, додека не е познато каде ќе ги продолжат своите кариери Рикановиќ и Лазаревиќ.
Струга остана и без левиот бек Никола Цветаноски, како и без кружниот напаѓач Петар Маркоски, кои се преселија во Прилеп, односно Еурофарм Пелистер 2.
Сепак од Струга се најавува ангажман на нови ракометари, па тренерот Наум Танески би требало да има добар ростер пред стартот на новата сезона во Суперлигата.