Македонскиот претставник во Европскиот Куп, екипата на Тиквеш, во новата сезона ќе биде без уште двајца од интернационалци.
По десниот бек Лазар Петровиќ, кој заминува во Кувајт, редовите на кавадарчани ги напуштаат голманот Јагош Брауновиќ и левиот бек Арнад Хамзиќ.
Според информациите на 24Ракомет, црногорскиот репрезентативен голман би требало да се пресели во Словенија, додека Хамзиќ би требало да ја продолжи кариерата во Австрија.
Амбициозната управа на кавадарчани го промовираше првото ново име пред стартот на новата сезона, а тоа е левото крило Мирко Мајиќ, кој потпиша договор на две сезони.
Кавадарчани во јули ќе го дознаат противникот во Европскиот Куп, па ќе биде комплетиран играчкиот кадар и ќе биде познат планот на подготовките.