Кои македонски интернационалци беа шампиони низ Европа? (ФОТО)

Ова сезона десет македонски интернационалци и интернационалки станаа шампиони низ Европа со клубовите во кои настапуваат.

Меѓу нив се двајцата голмани Никола Митревски и Градимир Чаневски, кои освоија титули во Португалија и Израел. Минатата сезона домашни титули освоија и Дарио Петровски во Италија и Никола Костески во Чешка.

Од дамите, актуелните репрезентативки Сања Дабевска и Сара Ристовска прославија титули со нивните клубови во Русија и Грција. Заедно со Дабевска славеше и Александра Боризовска, додека екс младинската репрезентативка Арлинда Динарица освои титула во Косово.

Некогашната репрезентативка Драгица Митрова беше шампион на Малта со Феникс, додека Андреа Седлоска славеше над конкурентите во Хрватска со Локомотива Загреб. Поранешните репрезентативци Филип Лазаров и Влатко Митков исто така беа меѓу оние што завршија на првите места, но во пониските рангови.

НИКОЛА МИТРЕВСКИ – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)

САРА РИСТОВСКА – ЦСКА МОСКВА (РУСИЈА)

АНДРЕА СЕДЛОСКА – ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)

ДРАГИЦА МИТРОВА – ФЕНИКС (МАЛТА)

ГРАДИМИР ЧАНЕВСКИ – МАКАБИ РИШОН ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)

ДАРИО ПЕТРОВСКИ – ЈУНИОР ФАСАНО (ИТАЛИЈА)

САЊА ДАБЕВСКА/АЛЕКСАНДРА БОРИЗОВСКА – ПАОК (ГРЦИЈА)

НИКОЛА КОСТЕСКИ – ТАЛЕНТ ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

АРЛИНДА ДИНАРИЦА – ИСТОГУ (КОСОВО)