Ф4 турнирот во младинска женска конкуренција ќе го организира тимот на Ѓорче Петров, кој беше домаќин и на завршниот турнир во пионерска конкуренција и се покажа како одличен организатор.
Во спортската сала „Христо Батанџиев“, во сабота и недела ќе се одиграат четири натпревари по кои ќе биде познат новиот шампион.
Екипите на Вардар и Металург ќе го отворат првото полуфинале, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Ѓорче Петров и Шампион.
Полуфиналните натпревари се на програмата во сабота. Финалето и натпреварот за трето место ќе бидат еден ден подоцна, односно во недела.
Ф4 младинки, сезона 2022/23
20/05, 17:00 Вардар – Металург
20/05 19:30 Ѓорче Петров – Шампион
21/05, 17:00 натпревар за 3. место
21/05, 19:00 финале
Актуелен бранител на титулата кај младинките е екипата на Металург, која во ланското финале на Ф4 турнирот во Куманово славеше против истоимената екипа со десет гола разлика, 26:16.