Ф4 на Куп на Македонија – Пролет: Задоволни сме со пласманот, но нема да застанеме тука

Екипата на Пролет на Ф4 турнирот во Купот на Македонија доаѓа како аутсајдер, и против себе уште во полуфиналето за ривал го има Еурофарм Пелистер. Скопскиот тим сезонава игра константно, 7и секогаш давал силен отпор без разлика против кого настапувал. Самиот пласман на Ф4 турнирот е продолжение на период во кој тие секогаш се меѓу тимовите кои знаат некому да замрсат сметка.

Мечот од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу Пролет и Еурофарм Пелистер се игра денеска од 17,30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Победникот од овој дуел ќе игра со победникот од средбата Вардар и Алкалоид. Досега во клупската историја никогаш Пролет не играл финале на Купот.

До најдобрите четири во Купот, екипата на Пролет дојде откако во елиминациите со пресврт го победи Аеродром со 35-33 (17-19). Потоа како домаќин на четвртфинална група, Пролет минимално го победи Голден Арт 26-25, а потоа и Еурофарм Пелистер 2 со 30-26

Скопскиот тим ја прифаќа улогата на аутсајдер, но тоа понекогаш е добро. Играш лесно, без притисок и ако се укаже шанса лесно може да се направи изненадување.

„Со оглед на околностите и промените во играчкиот кадар на полусезоната, а и победата на Еурофарм Пелистер неодамна која го доближува до титулата и во однос на играчите, фаворитската улогае кај Пелистер. Пролет направи успех со самиот пласман на Ф4. Задоволни сме, но не осиме само да патуваме во Охрид, туку сакаме да играме. Да дадеме се од себе. Треба да бидеме перфектни за да дојдеме до некој резултат, вели Алексо Лембанов, тренерот на Пролет.

Сезонава во плејофот Пролет двапати беше победен од Еурофарм Пелистер. Пролет е на 8 место на табелата со само една победа и едно реми. И в година ќе игра во елитата, но без шанси е сега да стигне до Европа.

„Да победиме екипа како Еурофарм Пелистер треба да се поклопат многу работи, да одиграме натпревар на сезона и тоа на крај од сезона, а ние сме екипа која има краток ростер. Но, тоа е еден меч во кој мораме да дадеме се од себе. Во првенство немаме шанси за повисок пласман за излез во Европа. Ова е меч на кој најмногу посветуваме внимание. Сега некои други цели се приоритет во Пролет, но секако и ова сакаме да го искористиме, вели Лембанов.

Пролет е свесен за своите слабости, и знае во која ситуација можат да бидат конкурентни и како би можеле да стигнат до триумф.

„Ние имаме најлош напад статистички гледано сезонава, и примаме многу голови во транзиција. Треба да ги намалиме техничките грешки, а на поставена зона сите имаат проблем да дадат гол против Пролет. Треба да го постигнеме тоа, и така имаме изгледи да постигнеме резултат, смета Лембанов..

Составот на Пролет е од неколку иакусни ракометари, но истовремено и повеќе млади кои веќе добиваат шанса и ја искористуваат. Повредени се Михаел Тотиќ и Стефан Донев.

Тешко ќе биде да се стигне до финалето. Но, доколку успеат тогаш Пролет би сакал да игра против Алкалоид. Сметаа дека против нив би имале шанса и за успех.

„Тоа е еден меч. Претходно ќе имаме настап во полуфинале, а двете екипи од другото полуфинале ќе бидат истрошени. Ако споредуваме со првенство, на мечевите со Алкалоид бевме повеќе во егал отколку со Вардар. Затоа и би сакал финале со Алкалоид, смета Лембанов.

Судиите одредени со ждрепка – еве кој ќе го суди финалето на машкиот Куп