Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа ждрепката за Ф4 турнирот во женската младинска лига.
Актуелниот шампион Металург ќе се соочи со Вардар, додека Ѓорче Петров ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шампион и Делчево Вардар.
Металург во ланското финале на Ф4 турнирот во Куманово славеше против истоимената екипа со десет гола разлика, 26:16.
Сепак, поради финансиската криза во поранешниот сениорски шампион на Македонија, не е познато дали клубот од Автокоманда ќе учествува и на Ф4 турнирот во младинска конкуренција.
Ф4 – МЛАДИНСКА ЖЕНСКА ЛИГА:
Ѓорче Петров – Шампион/Делчево Вардар
Металург – Вардар
Ф4 во младинска женска лига е предвиден да се одигра на 20/21.05.2023.
За потсетување, неизвесно е учеството на сениорскиот клуб на Металург на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.