Ракометарите на Партизан Гевгелија прославија триумф над Јехона со 34-32 во натпревар од 7 коло во прволигашкиот плеј-аут.
Гостите од Гостивар парираа во еден дел од првото полувреме, но попуштија во финишот и гевгеличани направија плус седум, 20-13.
Во последните десетина минути Јехона се врати на минус еден, 31-30, но немаше сили за комплетен пресврт па бодовите останаа во Гевгелија.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ангелов и Михајловиќ со по осум гола, додека шест постигна Лисичков.
Кај Јехона се истакнаа Мојсе Тасески со 13 гола, како и Марковиќ и Живкоски со по пет погодоци.